речник контакт

Велeс домаќин на квалификациите за ЕП во ракомет жени?

Ќе играаат ли на 18-ти октомври во салата Гемиџии, Македонија и Литванија? Претседавачот на Советот, Чадив најавува дека трошоците са салата, за играњето на натпреварот ќе ги покријат тие.

Петар Печков

Во Ракометната федерација на Маекдонија  има голема желба и интерес првата среедба од квалификациите за ЕП во ракомeт за жени, помеѓу Македонија и Литванија да се игра во Велес. Во салата Гемиџии.

До ваквиот развој на настантеи дојде на отварањето на мотелот на Македонија, кога висок претствник на РФМ, беше таму присутен и по отварањето кратко изјави.

Сега Велес има можности да биде домаќин на многу ракометни настани. Овој објект, му ги отвара вратите за тоа.За почеток може да се организира Велес да биде домаќин на ракометната средба Македонија - Литванија жени, веќе на 18-ти октомври. Има само еден услов, федерацијата да се ослободи од давачите за салата. Сето останато, е наша обврска, вклучувајќи го инсталирањето на подот, кој треба да биде по ЕХФ стандардите- рече претставникот на РФМ.

По ова итно беа повикани претставници на машкиот  ракометен клуб Борец, и веќе се започнати преговорите за организацијата. Од ЈП за стопанисување со спортски обејкти, Парк спорт, велат дека тие се расположени да се случи оваа ракометна средба. Дали Велес и салата Гемиџии ќе бидат домаќини на натпреварот меѓу Македонија и Литванија ќе се знае до крајот на неделава.

 Претседавачот на Советот, Славчо Чадиев, најавува дека тие ќе ги покријат сите трошоци што се однесуваат за салата Гемиџии, и дека Велес треба  да биде домаќин на оваа средба.

Ако оваа работа успее, Велес во декември ќе биде домаќин и на Балканското првенство во ракомет мажи, како генералка пред почетокот на ЕП во ракомет мажи кое се одржува во Србија, каде Македонија е учесник. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »